.....................Клима и Релјеф


Охридско - Струшката област во која се наоѓа селото Оровник, се наоѓа на 41� СГШ. Од Јадранското Море е оддалечено 110 км воздушна линија. Поради ваквата географска положба би требало да има средоземна клима, меѓутоа, бидејќи меѓу оваа котлина и Јадранското Море се наоѓаат високи планини, а и местото е на висока надморска висина од 695 м, тука има изменето средоземна клима. Охридското езеро со површина од 348 м� и длабочина од 286 м благотворно влијае на климата на целата област, а посебно на Оровник и Подмолје, бидејќи се непосредно до него.

Средната годишна температура се движи околу 11� С (10,9 � С � 11,5 � С). Екстремните температури се движат од 32,5 � С (измерени на 20.08.1974) до
-18,30 �С (измерени на 24.01.1971). На секои 100 метри надморска висина температурата се намалува за 0,5 � С.

За време на вегетацијата средната месечна температура е 15,1 � С, додека вегетација започнува на 8 � С. Температурите во летните месеци јуни, јули и август се погодни за созревање на плодовите. Во месеците септември и октомври созреваат јаболката и грозјето. Доцните пролетни мразови се јавуваат во април, а додека раните есенски во ноември.

Врнежите се движат од 682 до 793 мм. Најмногу врнежи има во зимските месеци, а најмалку во летните. Снегот кусо се задржува, но може да се случи многу ретко во периодот на доцна пролет или во лето да падне и град. За оваа намена РХМЗ има против - градобијна станица. За време на вегетацискиот период влагата достигнува до 43% (292 мм) од вкупната годишна количина.

Ветрови претежно дуваат од југ, север, југозапад и исток. Зиме најчесто дува северен и јужен ветар. Северниот ветар дува преку целата година и најчесто дува ноќе. Летно време се јавува и источен ветар кој е сув, кој овдека го носи името капешки ветар.

Средната годишна брзина на северниот ветар е 2,6 м/сек, а минималната е 1,25 м/сек. Југозападниот и јужниот ветар се со брзина од 3,4 м /сек. Просечна присутност на северниот ветар изнесува 293%, на јужниот 165% и на југозападниот 193%.

Општо земено климата во Оровник и Подмолје се карактеризира со свежо лето и блага зима, со рано започнување на пролетта и долго траење на убавите и топли есенски денови. Највисоките температури се јавуваат во месеците јули и август (32,5 до 34,4 � С ), кога што врнежите се најмали. Најстудени месеци се јануари (2,2 � С) и февруари (3,4 � С).

Релјефот на Оровник, каде спаѓаат селата Оровник и Подмоље го сочинуваат поле и планина. Планината се вика Копарница, која е продолжение на Мазатар, што е огранок од Илинска Планина. Всушност никој во селото Оровник не ја именува планината со нејзиното име, туку се именуваат нејзините делови: Чука, Вишово итн. Планината е испрекината со долови, односно буици, како што се: Лескоец, Света Петка и Капеш.Оровник се наоѓа на самите планински поли, т.е. се наоѓа на завршетокот, па се издигнува високо над Струшката Котлина и има поголем видик кон Струшката Котлина.

Највисоката точка е врвот Чука (1024), а најниската е Подмолско Блато (695).

Охридско-Струшкото подрачје спаѓа во геотектонската единица Западна Македонија. Таа настанала како резултат на младите тектонски движења. Со појавување на тектонските расади се образувале тектонските котлини во кои подоцна продреле водите на Егејското езеро. На овој начин е формирана група на Десаретски езера.

Планинскиот предел од 800м па до највисоката (1024) е варовник од марински седименти на мезозоикот, најчесто слоевити, испукани и нерамномерно распределени.

Скоро целото подрачје од Св Еразмо до Оровник има силикатно-делувијална подлога што е составена претежно од лесно трошни шкрилци во фаза на распаѓање. Покрај овие во одредени подрачја претежно кај Подмолје има и варовник, кој во помали површини избива во стени.

По морфолошките својства делувијалната почва е бескарбонатна, лесно песокливо-глинеста. Слојот од 0 до 45 см е жолтосив, сувозбиен со ситни ретки каменчиња во големина од 1-2 см по површината на теренот. Слојот од 45 до 90 см е сув, жолтосив, бескарбонатен, збиен, тешко се копа. Поради ова почвата во планинскиот предел е сиромашна со хумус и тешка за обработка.

Во рамнинскиот дел почвата ги има одликите на почвените структури на детроидот што е донесен од планинскиот предел. Во крајезерскиот дел почвата има млади наноси. Кон езерото почвата е алувијална, а додека кон северната страна е алувијално - делувијална. Почвата е жолто - кафеава, сува и збиена. Таа е глина или песоклива глина, беструктурна и помешана со преку 15% чакал. При големи врнечи брзо се заситува со вода, а додека при суша пука. До 40 см тешко се копа,а подолу е полесно поради песокливиот состав.Застапеноста на хумусот во одделни делови на полето се движи од 1,95% до 3,13%. Најбогата почва со хумус е Подмолско Блато каде е присутен и тресетот.

Релјефот, површината на КО Оровник е поделен на помали целини кои народот ги обележал со посебни имиња: Горна маала, Горно Лозје, Долна Маала, Кајкушка, Катарџица, Струшки Пат, Селски Пат, Обрашовци, Ограѓе, Сретсело, Турски Гробишта, Умалиште, Чешма, Горни Чивлик, Долни Чивлик, Пороишта. Во планинскиот предел: Ајдиница, Вакоска Бранјнца, Вишенска планина, Беќирици, Горејчки камен, Лекојта вода итн......